More

    Нов документарец за Мајкл Џексон, „ТМЗ истражување: Кој навистина го уби Мајкл Џексон“

    spot_img

    Нов документарец за Мајкл Џексон, „ТМЗ истражување: Кој навистина го уби Мајкл Џексон“ (TMZ Investigates: Who Really Killed Michael Jackson), кој ќе се емитува следниот месец на „Фокс“, открива дека кралот на попот имал 19 лажни лични карти кои ги користел за да набави лекови.

    „Њујорк пост“ пишува дека познатиот холивудски дерматолог Арнолд Клајн, кој бил еден од лекарите кои го снабдувале пејачот со опијати, уште во 2009 година признал дека го снабдувал со опиоидот „Демерол“. Американските медиуми пишуваат дека односот помеѓу Клајн и Џексон го надминува оној на лекар и пациент и дека со текот на времето станале пријатели.

    За неговите лажни документи наводно се грижел дерматолог, а Ед Винтер, полицаец кој учествувал во истрагата за неговата смрт, рекол дека Џексон имал 19 различни лични карти.

    Покрај тоа, Винтер рекол дека Мајкл Џексон пиел пропофол, анестетик и седатив, во шишиња со сок. Тој додал, според „Њујорк пост“, дека тоа е „единствениот начин на кој можел да спие, особено кога се подготвувал за турнејата“.

    Хари Гласман, пластичниот хирург на Џексон, изјавил дека пејачот ги набавувал лековите „како да оди на шопинг“.

    „Имаше различни лекари кои беа вклучени во тоа. Ќе одеше кај еден лекар и ќе побараше да му препише седативи, а потоа одеше кај друг лекар и го бараше истото.

    Мајкл Џексон почина во јуни 2009 година на 50-годишна возраст. Утврдено е дека тој починал од срцев удар предизвикан од предозирање со пропофол, анестетик што му го препишал неговиот лекар Конрад Мареј.

    Мареј беше осуден за убиство од небрежност и осуден на четири години затвор. Тој беше пуштен на условна слобода по нешто помалку од две години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img