Нов биланс: Најмалку 13 лица загинаа во израелски напад во Бејрут, меѓу кои и едно дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Members of the Israeli forces watch a fire after a rocket, fired from Lebanon, hit an area near the town of Rosh Pinna, northern Israel, Sunday, Oct. 20, 2024. (AP Photo/Leo Correa)

Најмалку 13 лица загинаа, а 57 се ранети во израелски напад во Бејрут, во близина на најголемата државна болница во Либан, е новиот официјален биланс од вчерашниот напад. Како што се наведува, меѓу загинатите има и едно дете.

Болницата Рафик Харири, која беше оштетена во нападот, се наоѓа на периферијата на јужните предградија на Бејрут, која е и упориште на проиранското движење Хезболах.

Министерството за здравство соопшти дека 17 ранети се хоспитализирани, а седум од нив се во критична состојба.

Најмалку 1.489 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, кога се интензивираа израелските напади врз цели на Хезболах, наведува АФП, повикувајќи се на официјални извори.

Share This Article