More

    Нов „Берлински ѕид“ ќе ја „подели“ Европа од Полска до Норвешка

    spot_img

    Шест земји на НАТО се согласија да изградат „ѕид со беспилотни летала“ долж нивните граници за да се одбранат од руските закани, пишува Дејли Телеграф.

    Норвешка, Полска и Финска ќе соработуваат со трите балтички држави, Естонија, Летонија и Литванија, за да се спречи руската агресија, вклучително и принудувањето на мигрантите преку граница .

    – Ова е сосема нова работа. Граница со беспилотно летало од Норвешка до Полска – изјави Агне Билотајт, министерка за внатрешни работи на Литванија, за телевизијата Балтик Њуз.

    – Ова ќе ни овозможи да се заштитиме од провокации на непријателски земји.

    Земјите од ЕУ кои граничат со Европа стануваат сè понервозни поради тоа што охрабрениот Владимир Путин ќе го сврти погледот кон западните соседи на Русија, доколку успее во неговата војна во Украина.

    Полска потроши милијарди за унапредување на својата гранична одбрана со Белорусија, Естонија изгради мрежа на гранични армиски бункери и Финска, која дели 830 милји граница со Русија, се приклучи на НАТО.

    Минатата година Финска беше принудена да ги затвори граничните премини со Русија, откако Кремљ низ својата граница пропушти мигранти од Азија. Мигрантите беа пуштени да возат велосипеди. Финските власти рекоа дека Москва ги вооружува мигрантите за да ја дестабилизира Европа.

    Министерката за внатрешни работи на Литванија рече дека деталите за „ѕидот на дронови“ сè уште се разработуваат и дека договорот, потпишан во текот на викендот, е дел од поширокиот пристап за спротивставување на заканата од Русија.

    – Се договоривме да одржиме регионални вежби за да обезбедиме евакуација на населението, за да видиме како нашите институции се подготвени да работат и да комуницираат едни со други – рече таа.

    Русија ги зајакна своите воени единици долж нејзината северозападна граница со ЕУ откако ја нападна Украина и префрли нуклеарни проектили во Белорусија.

    Во четвртокот, Естонија објави дека руските граничари ги отстраниле пловките во реката Нарва што ја означуваат границата со Русија.

    Ден претходно, Русија објави нацрт-предлог за еднострано проширување на поморските граници со Финска и со Литванија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img