More

    Норвежанецот прогласен за најдобар играч во Премиерлигата

    spot_img

    Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е избран за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната која завршува во недела.

    За најдобар фудбалер во сезоната на Премиер лигата гласаа навивачите, капитените на тимовите и специјално формираната стручна комисија, а најмногу гласови очекувано освои „убиствениот “ центарфор на популарните „Граѓани од Манчестер, Халанд.

    Покрај Халанд, за наградата беа номинирани и Маркус Рашфорд, Кевин де Брујнe, Хари Кејн, Мартин Одегард, Букајо Сака и Киеран Трипие.

    Норвежанецот е третиот по ред член на Манчестер Сити кој ја добива престижната награда, лауреат беше Рубен Диас, а пред тоа и Кевин Де Брујнe.

    Халанд сезонава постигна 36 гола во Премиер лигата, со што го собори рекордот што заеднички го држат Енди Кол и Алан Ширер, истакнувајќи дека и двајцата ја достигнале таа бројка во сезоните кога Премиер лигата имала два клуба повеќе од сега, со што четири кола повеќе.

    Во текот на сезоната, Норвежанецот стана првиот играч во историјата на англискиот фудбал кој постигнал три хет-трика во три последователни натпревари на домашен терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img