More

    Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји во врска со високиот стандард и со поволните услови за живеење, понапредна е од Шведска и Данска

    spot_img

    Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји во врска со високиот стандард и со поволните услови за живеење. Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска.

    Во исто време, не само Балканот и граѓаните на помалку развиените земји ги препознаваат придобивките од Норвешка, па забележителен тренд во последните години е тоа што се повеќе Финци се селат во Норвешка во потрага по подобра заработка.
    Според податоците, заклучно со вториот квартал од 2023 година, просечната плата во Норвешка изнесува 54.000 круни месечно или околу 4.650 евра.

     

    Претходно дестинацијата на Финците беше Шведска, но тоа веќе не е така, се вели во соопштението на советодавната служба на нордискиот совет на министри, пренесува Независне новине.

    Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.

    Меѓутоа, „сега Норвешка им е многу поинтересна поради подобрите плати“, се наведува во соопштението што го пренесе финската агенција STT.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img