More

    НОРМАЛНО ЛИ Е ВОЗРАСЕН МАЖ ДА ЗЕМE ДЕВОЈЧЕ ОД 13 ГОДИНИ „НА КАФЕ“ И ДА МУ ДАВА ПАРИ?

    spot_img

    Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов изразува револт од отсуството на реакција на полицијата по пријавата за обид за киднапирање во нивното основно училиште и вели дека со таквото однесување на МВР и со изјавите на министерот Оливер Спасовски, граѓаните во оваа општина се чувствуваат небезбедни и загрозени.

    „Во текот на вчерашниот ден во ООУ ,,Страшо Пинџур” Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило двајца ученици од 9. и 6. одделение. Од исказите на учениците и сведоците, но и од доказот што едниот ученик зел пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ,,кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето, а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто?

    Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид.

    Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да не исплаши да реагираме на вакви непосакувани ситуации! Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација, а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.

    Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со најсериозен пристап.

    Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“ – објави на Фејсбук градоначаникот Паунов.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img