Најдобриот британски тенисер Камерон Нори, 13. играч на АТП-листата, го коментираше фактот дека Новак Ѓоковиќ ќе биде на завршниот Мастерс во Торино, бидејќи неговиот резултат од Вимблдон се брои во „трката“ за тој турнир, додека ова е не е случај со некои други тенисери. Пред третиот гренслем сезонава беше донесена одлука освоените бодови од „Ол Ингланд Клуб“ да не се бројат на АТП листата, бидејќи на руски и белоруски натпреварувачи поради војната во Украина не им беше дозволено учество. Исто така, бодовите од Вимблдон не се вклучени во трката за завршниот Мастерс. Од друга страна, пласманот на Ѓоковиќ на турнирот во Торино следува автоматски, бидејќи тој е победник на еден од овосезонските Грен слемови.
Од 13 до 20 ноември во Торино ќе се одржи завршниот мастерс на АТП сезоната, а целиот турнир ќе може да го следите во директен пренос исклучиво на каналите на Sport Club, мрежата SBB и платформата EON.
Ѓоковиќ сигурно може да обезбеди пласман во Торино, без разлика на пехарот од Вимблдон. Доколку триумфира на Мастерсот во Париз кој во моментов е во тек, српскиот играч дополнително ќе обезбеди едно од местата на Завршниот Мастерс. Ѓоковиќ настапот во француската престолнина го започнува во вторник попладне против Максим Креси, а директниот пренос од тој натпревар можете да го следите и на Спорт Клуб.
*Нович на W 2019: Имав малку среќа на втората точка за натпревар
„Новак се квалификуваше со освојување на Вимблдон, што е малку чудно. Не знам дали тоа правило постоело порано или не, но на Ник Киргиос не му се чини фер. Стигна до финалето и не добива ништо“, изјави Камерон Нори, кој во првото коло на турнирот во Париз сосема лесно елиминира уште еден српски тенисер – Миомир Кечмановиќ.
Знаев дека нема да имам доволно бодови, но мислев дека има пристојни шанси да играм“, изјави Нори, кој играше во полуфиналето на Вимблдон и загуби од Ѓоковиќ.
„Пред се, Новак заслужува да настапи на завршниот Мастерс. Сепак, се чини дека несериозно е донесена одлуката дека само тој има корист од добар настап на Вимблдон. „Спонзорствата и заработката на играчите во голема мера зависат од пласманот на крајот на годината, така што некои играчи, како Ник, се оштетени“, изјави агентот на Ник Киргиос, Стјуарт Дагвид.
На овој начин Нори остана без 720 поени, што придонесе да не настапи во Торино.
Во врска со овие изјави зборуваше и портпаролот на АТП.
„Одлуката да не се доделат бодови на АТП листата за настапот на Вимблдон е донесена за сите играчи да бидат фер третирани и во таа прилика објавивме дека оваа одлука нема да бара дополнителни промени на правилата. На овој начин секој тенисер кој настапувал на Вимблдон или на кој било друг грен слем имаше можност да се пласира на завршниот мастерс“, се вели во соопштението на организацијата.