Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во Астана каде ќе се обиде да освои нова титула во кариерата, а на социјалните мрежи се прошири комично видео.
Новак пред мечот со Кристијан Гарин сакаше да истрча, но се случи сосема неочекувана ситуација.
Имено, српскиот ас го обезбедува голем број телохранители бидејќи владее вистинска еуфорија околу неговото доаѓање во Астана, каде што несомнено е најголемата ѕвезда.Ѓоковиќ решил слободното време пред мечот да го искористи за џогирање во Астана, а по него истрчале цела орда телохранители, поточно 10.
Граѓаните покрај кои поминувал Новак го пречекале воодушевено, а на видеото може да се види како некои деца почнале да го бркаат Новак веднаш зад телохранителите.