Познато е дека членовите на семејството Ѓоковиќ се поделени кога станува збор за симпатиите кон најголемите ривали во српскиот спорт Партизан и Црвена Звезда.
Новак не крие дека е фан на Црвена Звезда, а неговиот син Стефан „гине“ за Партизан. Како секој нормален родител, најдобриот светски тенисер нема против и кога може го носи Стефан на натпреварите на „црно-белите“, но има едно строго правило за него.
– На мојот син му реков дека, што се однесува до мене, може да оди на натпреварите на Партизан и кога игра против Звезда како што беше неодамна кога отидовме заедно, семејно. Може да навива за Партизан, но оној момент кога ќе слушнам дека ги навредува играчите на Звезда или погрдно скандира против најголемиот ривал или други клубови, завршува неговата кампања на присуство на кошаркарските натпревари. Тој тоа го знае и засега го почитува – открива тенисерот.
Иако навива за Црвена Звезда, тој е максимално почитуван од фановите на Партизан кои со задоволство го пречекуваат на натпреварите на својот клуб во Белград.