Нивото на радијација во јужниот украински град Мариупол, кој е под контрола на Русија, е 15 пати поголем од она што се смета за безбедно, изјави украински функционер.
Радијацијата во областа околу плажата Пишчањи, во близина на пристаништето во градот, руските медиуми ја припишуваат како последица на силна бура што го погоди регионот на Црното Море. Сепак, Петро Андриушченко, советник на прогонет украински функционер, во објава на Телеграм рече дека тоа не е причината.
Тој посочува дека зголемувањето на радијацијата е поради на руските бомбардирање и ракетни напади врз градот.
-Вистинската причина за високото ниво и изложеноста не е невремето, туку руската окупација – истакнува Андриушченко.
Рускиот канал Телеграм во понеделникот објави дека жителите на Мариупол би можеле да бидат изложени на „потенцијално опасни нивоа на радијација“ по бурата што го зафати Црното Море во последните денови. Морето го однело поголемиот дел од вообичаениот песок на градската плажа и го разоткри црниот слој на ториум, објави каналот на Телеграм „Mash in Donbas“. Се верува дека овој канал на Телеграм е поврзан со руските безбедносни служби.
Украинскиот градски совет на Мариупол соопшти дека радијацијата на плажата се зголемила за четири пати, додавајќи дека песокот што го „покрил слојот ториум бил однесен од водата“.
„Ториумскиот песок е природен дел од Азовското крајбрежје“ – објави Советот на Мариупол.
Не е познато какви би можеле да бидат можните здравствени или еколошки последици од таков настан. Светската нуклеарна асоцијација со седиште во Лондон го опишува ториумот како „природен, благо радиоактивен метал“ кој се наоѓа во мали количини во повеќето карпи и почви.
„Ториумот е многу нерастворлив, поради што го има во изобилство во песок, но не и во морската вода“ – велат од Светската нуклеарна асоцијација.
Мариупол беше првиот голем град кој падна во рацете на руските сили во првите месеци од војната во Украина. Пристанишниот град во југоисточна Украина брзо беше опколен од руските сили пред да биде заземен во мај 2022 година.
Украинските војници кои пружија отпор поминаа со месеци опколени во градската железарница Азовстал. Градот се сметаше за симбол на жестокиот украински отпор.
– Ако некој ја измери количината на радијација во Азовстал во овој момент и го анализира составот на почвата и прашината што ветрот ги носи низ градот и дождот во морето, сликата ќе стане прилично апокалиптична – рече Андријушченко.