More

    Нивното управување е уредено со закон, а за прекршителите следуваат казни

    spot_img

    Со почетокот на пролетта, како и со зголемените температури, од зимски сон ќе се разбудат жителите на Скопје, но и низ целата земја, кои во следните неколку месеци како превозно средство ќе го користат електричниот тротинет. Но дали секој од нив ги знае и ги почитува законските прописи при управувањето?

    Скопјани често се жалат дека лицата кои управуваат електрични тротинети возат со брзина многу поголема од дозволената, особено на пешачките патеки и дека претставуваат опасност за нивата безбедност додека се движат. Исто така во билтените на МВР можеме да прочитаме за повредени возачи на електрични тротинети кои се движеле по коловозите и биле удрени од возила, па поради тоа потребно е лицата да се придружуваат до законските прописи.

    Со измените на Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата донесени пред неколку години се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет.

    – Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат: возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци (се забранува движење со тротинет на коловоз); возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h, додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час – посочуваат од Републичкиот секретаријат за безбедност во сообраќајот.

    Оттаму додаваат дека електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст; возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото (треба, но нема санкција за неносење); возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна.

    За сите оние кои не го почитуваат законот следуваат казни во висина од 50 евра во денарска противвредност. Па така тротинети ќе се управуваат само по велосипедски патеки. Таму каде што нема, дозволено е да се вози по тротоар. Движењето на улица ќе се смета за прекршок и ќе се казнува со 50 евра.

    Брзината со која се вози тротинет на велосипедска патека не смее да надмине 25 километри на час, на тротоар и пешачка зона максимумот е само 6 километри на час. Казната за пречекорување на брзината е 50 евра.

    Возачот на тротинет треба да има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби  се казнува со 50 евра.

    Задолжително е носењето  заштитна кацига на главата како и жолт флуросцентен елек во вечерните часови или при појава на магла. Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло. Секој што ќе биде фатен без опрема ќе биде казнет со 50 евра.

    Според состојбата на терен, може да се заклучи дека малкумина ги почитуваат овие законски прописи, особено кога станува збор за носењето шлем на главата, како и носењето рефлектирачки елеци. Поради тоа повеќето институции кај нас им препорачуваат на возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата, бидејќи пред сѐ станува збор за нивната безбедност при управувањето на ова превозно средство, затоа што чести се паѓањата, а тие може да предизвикаат сериозни повреди.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img