Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со нејзиниот покоен татко Симо Бадриќ, кој почина во 2014 година.
Хрватската пејачка Нина Бадриќ ги трогна своите следбеници на својот Инстаграм профил, откако објави фотографија на која позира со нејзиниот покоен татко Симо Бадриќ.
“Секогаш и засекогаш. Тато“, напиша Нина покрај нивната заедничка фотографија во рамка во приказна на Инстаграм.
Нина често се сеќава на својот татко Сима, кој почина во 2014 година, а преку социјалните мрежи му посветува емотивни објави. Беше многу приврзана за него и не ја крие празнината што ја чувствува во своето срце од неговото заминување.
Така таа по повод осумгодишнината од неговата смрт ја објави и неговата црно-бела фотографија со која напиша дека многу и недостига.
„3.8.2014 – 23.8.2022. Ми недостигаш во се… 8 години без тебе“, напишала тогаш Нина, пренесува Дневник.хр.