Николовски тврди дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лани ова време се потпиша тој срамен француски предлог кој што во суштина е бугарски предлог. И лани ова време се зеде обврската за Уставот како и да други работи кои се поврзани со промена на учебници, кои се поврзани со промена на нашето сознание за нашата историја, самобитноста на македонската држава итн, кој што всушност јасно ги скицира претседателот на Бугарија Румен Радев во неговото последно писмо до европските лидери каде што вели не е доволно само промена на Уставот, туку имаме и други барања кон Македонија, рече Александар Николоски, потрпетседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „За или против “ на телевизија Алфа.

Николоски истакна дека СДСМ тропаат глупости кога велат дека имаат мнозинство за уставни измени бидејќи доколку имаа до сега 10 пати ќе ги ставеа на дневен ред на собраниска седница за гласање.

– Доколку има двотретинско мнозинство во Собранието овие година дена 10 пати ќе го ставеа на гласање и ќе го изгласаа. Најдобар доказ дека тресат глупости, нема друг збор и дека ја користат темата за де фокус од нивниот криминал и за останување на ден повеќе на власт, е тоа што не го ставаат предлогот на гласање година дена – смета тој.

Николоски уште еднаш нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени под бугарски диктат се затворена тема, нагласувајќи дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа.

– Не може уставните измени да траат една година во една држава, а имајќи предвид дека не го ставаат во Собрание, значи нема мнозинство. Ние оддамна сме ја затвориле оваа тема, ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, ние не подржуваме уставни измени под бугарски диктат – изјави Николоски.

Share This Article