Николовски: Преку потпишувањето на Договорот за слободна трговија овозможуваме слободен и безцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денска во Украинската амбасада во Прага во присуство на двајцата премиери на Северна Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина.

Преку потпишувањето на овој Договор се овозможува безцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, краставица, грозје, како и други земјоделски производи, слободно ќе се извезуваат за Украина. Со потпишувањето на овој Договор се постигнува и многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло на стоката.

Зајакнувањето на соработката помеѓу наште две држави доаѓа во значаен момент за двете држави, а бенефит од овој Договор ќе имаат македонскиот и украинскиот народ.

Министерот Николовски упати благодарност до премиерот на Украина Денис Шмихал и заменикот министерот Тарас Качка, што во вакви сложени услови изнајдоа време и желба за да се потпишеме овој значаен договор.

Share This Article