More

    Николовски ја повика ЕУ да определи датум

    spot_img

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој учествува на вонредната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, ја повика ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

    – Она што особено го потенцирам е дека украинскиот народ и македонскиот народ имаат многу сличности. Како што е оспоруван украинскиот национален идентитет, така од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот национален идентитет. Како што е оспоруван украинскиот јазик, на ист начин од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот јазик. Како што страда украинскиот народ, страда и македонскиот народ. И затоа сме ние два народа кои што се борат за демократија и за слобода. И затоа, оттука, од Стразбур ја повикувам ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Затоа што е само пат кон демократија и кон почитување на основните човекови права – рече Николовски.
    Тој додаде дека Македонија во моментов има власт која што е целосно неспособна, која што не знае да се справи со економската и со политичката криза.

    – Но, тоа се работи кои што ќе ги разговараме дома. Она што е битно е да ЕУ определи датум за почеток на преговори со заштитен македонски национален идентитет и со заштитен македонски јазик – порача Николовски.

    Овие два дена во Стразбур се одржува вонредна сесија на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Основна тема е војната во Украина, а се размислува и за исклучување на Руската федерација од активностите во Советот на Европа поради непријателските активности кои што ги презема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img