Николовски ги пофали полицајците за смиреноста и покрај бугарските провокации на „Деве Баир“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секој во државата е добредојден ако и мисли добро и доколку има чисти и добри намери. Верувам дека односите ќе продолжат и ќе се вратат во позитивен дух и дека ќе зборуваме за иднината, за младите генерации, за тоа што 30 години не било направено, а сега го правиме преку разни програми, мерки и политики, како и дека државата ќе оди напред и ќе се оствари клучната стратегиска цел – членството во ЕУ. Тоа е побитно од кој било статус или некакви коментари кои за мене се беспредметни.

Вака министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одговори на новинарско прашање во врска со обвинувањата на социјалните мрежи дека „го издал“ името на полицаецот кој на 4 февруари, кога се чествуваше раѓањето на Гоце Делчев, бил на граничниот премин „Деве Баир“ по апелот дека за него се даваат 200 евра.

Според Николовски, Основниот суд во Крива Паланка донесе соодветни казни, а законите треба да важат за сите.

– Честитам за смиреноста, професионалноста и стручноста на сите припадници на МВР кои на 4 февруари многу професионално си ја завршија работата, вклучително и Царинската испостава Деве Баир. Основниот суд во Крива Паланка донесе соодветни казни за сите што ги прекршуваат законите. Законите треба да важат за сите и тоа е најбитно, ништо друго не е поважно – кој, дали и што открил. Јас се гордеам со кривопаланчани кои на тој ден беа на ниво на задачата. Секој во државата е добредојден ако и мисли добро и доколку има чисти и добри намери. Верувам дека односите ќе продолжат и ќе се вратат во позитивен дух и дека ќе зборуваме за иднината, за младите генерации, за тоа што 30 години не било направено, а сега го правиме преку разни програми, мерки и политики, како и дека државата ќе оди напред и ќе се оствари клучната стратегиска цел – членството во ЕУ. Тоа е побитно од кој било статус или некакви коментари кои за мене се беспредметни – рече Николовски пред средбата со малите производители на храна, членови на „Алијанса Премиум“.

Share This Article