More

    Николоски вели дека наскоро ќе се знае трасата за Коридор 10

    spot_img

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.

    – Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијанта ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, другата е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијанта е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 километри на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна, бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи, ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција – истакна министерот Николоски.

    Тој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојната пруга на Коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето Николоски најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија, Кина и од арапските земји.

    Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне да се гради.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img