More

    Николоски побара од идниот министер Меџити да објасни како од барака прави луксузна куќа во Тафталиџе

    spot_img

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски побара од кандидатот за министер Фатмир Меџити да објасни како од една скромна барака во моментов гради една голема хациенда од 336 метри квадратни, ни помалку, ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку, ни повеќе како прв комшија на претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

    Николоски покажа фотографии, како што рече, како изгледа политичката корупција, повикувајќи го кандидатот за нов министер за здравство од Алијанса на Албанците Меџити да објасни пред јавноста како од сите локации во Скопје ја одбрал локацијата спроти подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари.

    – Како на улица Бриселска 18А гради хациенда од 336 метри квадратни, еве можете да ја видите од една перспектива, и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму спроти подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција – рече Николоски.

    Николоски рече дека жали оти претседателот на владата не е тука да одговори како е возможно такви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри. Тој праша кој е моралниот кредибилитет на Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда.

    Халил Снопче од редовите на Алијанса за Албанците му реплицираше на Николоски при што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е научена на ниско ниво на комуникација кое тие нема да го прифатат.

    – Зашто се јавувам процедурално? Значи координаторот на пратеничката група во својата реплика го спомна и Александар Николовски, јас не се јавив во процедурално кога Александар Николовски зборуваше. Немаше врска со реплика, тој се занимаваше со Арбен Таравари, дека Таравари и Фатмир Меџити биле соседи. Видете ние не паѓаме во ниско влијание, господине Мицевски, господине Николоски, ние имаме знаеш колку факти, тефтери ни испратил нашиот ПР. Еве за вас 2.000 квадрати дивоградба, и така натаму, но ние не ги кажуваме тие работи, не ни доликува. Ние сме достоинствени, вие зборувате сѐ и сешто, излегувате со истите работи 3-4 пати. Нас не ни доликува, можеби вие сте навикнати и не можете да верувате дека другите можат да бидат чесни. Видете господине Николоски, господине Мицевски, во државата има чесни луѓе, има поштени луѓе, не се сите во оваа држава крадци и мафијаши и коруптивни, и треба да се навикнете дека има чесни, поштени и искрени луѓе во оваа држава – реплицираше Снопче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img