More

    Николоски имаше средба со извршниот директор на „Визер“

    spot_img

    Досегашната соработка меѓу авиокомпанијата „Визер“ како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолинии и Владата која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјава, беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на Визер, Јозеф Варади.

    На средбата, како што информираат од Министерството за транспорт, министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до и од Меѓународниот аеродром Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид за период 2025-2027 година.

    Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот авиосообраќај во изминатиот период.

    Тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересирани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик.

    Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img