Николоски го најави завршувањето на патот Градско – Дреново

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.
Во продолжение објавата и видеото од експресниот пат:

„Добро утро со ова видео од патот Градско-Дреново. Воведуваме нова динамика во работењето! Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун“, пишува Николоски на својот фејсбук профил.

Share This Article