More

    Николоски бара одговори од власта и дали се користи софтверот кој е на „црната листа“ на САД

    spot_img

    Три од четири македонски служби за безбедност класифицирале информации за јавноста да не може да дознае дали илегално се прислушува во земјава, откри пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија говореше и за тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникациите и зошто власта не презема ништо.

    – Сега веќе како што напредува технологијата и светот, така и следењето напредува. И веќе се има една нова димензија, а тоа е дека најмоќните разузнавачки служби развија соодветни софтвери. А, тоа значи дека преку смарт-уредите коишто не секогаш се телефони, некогаш се и смарт-телевизорите се користат за следење, и можат да послужат како звучник, микрофон, па и како камера. Тоа значи дека на секој еден човек којшто користи дома смарт-телевизор, може буквално да им се влезе во спалната соба, во приватноста дома и да се слуша што тој човек разговара со својата сопруга и со своите деца. И тоа се снима, и тоа утре се користи како уцена кон него теоретски, а тоа е многу сериозна повреда – истакна Николоски.

    Николоски додаде дека ако во минатото се барало согласност нешто да се снима, денес во ова време се прави без согласност.

    – Еден таков тип на софтвер е развиван и во Македонија од страна на македонската компанија „Ситрокс“. И токму за оваа работа од САД е на црната листа – нагласи Николоски.

    Тој посочи дека за оваа компанија и софтвер власта не поведе никаква истрага. Дури и власта не даде какво било соопштение поврзано за оваа компанија, за да ја информира јавноста.

    Рече дека пратениците побараа извештаи од страна на 4 институции, тоа се министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање, во однос на тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникации, и дали се произведува софтвер со кој може да се следат нелегално комуникации.

    – Ние не добивме кредибилен демант на нашите сомнежи дека се следи. Ние добивме четири извештаи, добивме од Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, и за воено разузнавање и контраразузнавање, и МВР. Единствено не беше класифициран извештајот на воено разузнавање и контраразузнавање. И таму беше јасно пишано дека тие не поседуваат ваква опрема. И морам да кажам дека нашите сомнежи не беа насочени кон оваа институција – појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img