Српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ почина на 44-годишна возраст во мај минатата година, додека бил на масажа.
Неговата сопруга, хрватската водителка Николина Пишек, покрај тоа што тагува по сопругот, се соочува и со проблеми со свекорот Миша Гроф, но и со ќерката на Видое од неговиот прв брак – Матеа.
Имено, Николина вчера требала да биде на рочиштето за процесот на наследството на покојниот сопруг, но тоа било одложено.
Николина била информирана дека закажаното судско рочиште е одложено поради болест на судијата, па расплетот на сагата и настанатите недоразбирања со Матеа, ќерката на Видое од првиот брак, се пролонгира.
Инаку, Николина по смртта на сопругот се скарала со свекорот Миша Гроф, а се започнало поради поделба на имотот. Миша Гроф тогаш истакнал дека Николина само сака да дојде до парите и уметничките дела кои, според неговото мислење и тврдења, не и припаѓаат.
„Последниве шест години Видое немаше никаков однос со татко му, практично не зборуваа. Сега воопшто не контактираме, ниту тој ниту бабата не се интересираат за внуката. Одвреме-навреме им праќам порака со нова фотографија, пишувам за нешто ново или важно што и се случило на Софија Уна или кажувам дека е болна. И никогаш не добивам одговор. Ќерка ми ме праша пред некој ден дали уште ги има баба и дедо и не знаев што да одговорам. Таа е премногу мала за да сфати зошто повеќе не му припаѓа на Белград. Таа го изгуби семејството, спомените, играчките и мислам дека нејзината реакција повеќе не е тага туку обид да ја разјасни и рационализира ситуацијата. А јас имам проблем како да и објаснам дека не треба да се чувствува виновна за се што се случило.“
Пишек се осврнала и на имотот на Видое и оставинската постапка по неговата смрт.
„Колку брзо се одвиваат судските постапки во Хрватска, каде имав неколку рочишта за кратко време, толку се во Србија бавни. Имам впечаток дека сите се однесуваат како ние две никогаш да не сме постоеле, не се преземаат никакви дејствија или процедури барем да се покрене работата. И покрај тоа што го пријавив таткото на Видое за низа закани, загрозување и други прекршоци, досега тоа не е покренато од мртва точка. Дури ни имотот се уште не е попишан“, изјавила таа за „Глорија“.