Никола Груевски за односите меѓу Скопје и Софија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не е тајна дека Бугарија преку обидите за промена на историјата и потеклото на македонскиот јазик и нација, и во минатото, и сега и во иднина ќе настојува од Македонија да создаде втора Бугарска држава на Балканот”, пишува поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук.

„Не им е проблем граѓаните да се нарекуваат Македонци во иднина а јазикот македонски, доколку се прифати дека до 2.август 1944 година Македонците биле Бугари кои говореле бугарски јазик, историјата им била бугарска и доколку се прифати дека потоа со политичка интервенција, прогон и тортура во СФРЈ, нацијата се преименувала од Бугари во Македонци а јазикот и историјата од бугарски во македонски. Македонско малцинство во Бугарија не може да се прифати бидејќи би противречело на оваа цел. Бугарско малцинство во Македонија во минатото не беше посакувано од Бугарија како уставна категорија, но сега се сменети плановите, бидејќи очигледно се цени дека уставната присутност би помогнала во полесна и побрза промена кон посакуваното, посебно ако се има контрола над учебниците по историја во училиштата и на универзитетите, книгите на македонските научни работници-историчари кои во иднина ќе се пишуваат, документарните и играни филмови и серии кои би се снимале, како и секојдневното пишување на македонските медиуми контролирано преку формата наречена ‘говор на омраза’ за она што нема да се чуствува дека е во служба на зацртаната кауза, и сето ова заедно ставено и формално под контрола преку процесот на зачленување на Македонија во ЕУ. Целите се долгорочни каков што ќе биде и долг процесот на зачленување во ЕУ”, пишува Груевски на постот кој можете да го прочитате тука:

Share This Article