Никола Димитров најавува подиректно вклучување во политиката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров сериозно размислува да се врати на политичката сцена. На прашање дали ќе формира ново движење или партија, со што директно би учествувал на следните парламентарни избори, тој најави дека „за неколку недели ќе се знае повеќе“.
– Јас долго време јавно зборувам дека не сум престанал да бидам активен. Не сум бил никогаш член на партија. Сум работел со сите и со сите сум се разишол. Мислам дека тоа е здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и не се оди по вистинскиот пат, многу е здраво да се држи до своето убедување отколку да вика дека магарето лета. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Можам да кажам дека имаме проблем и дека работите не ни се добри и дека тој проблем нема да ни го реши никој друг – рече Димитров во интервју за ТВ 21.

– Сакаме да го смениме системот. За неколку недели ќе зборувам повеќе – додаде поранешниот функционер.

Share This Article