Сандра Лин Хенсон, 56-годишна Американка од Мисисипи, била уапсена неодамна откако повторно непоканета се појавила на свадба. Американката која со години се појавува на туѓи свадби овојпат во полиција била пријавена од гостите. Шерифот на округот Понтоток во Мисисипи против неа поднел пријава за кражба, неовластен влез и нарушување на јавниот ред и мир, пренесуваат американските медиуми.
За жал, Хенсон претходните години не доаѓала на свадби само за да јаде и пие бесплатно, таа била фатена и како краде картички и пари од чанти, а тоа го правела во неколку држави, најмногу во Алабама, Мисисипи и Тенеси.
Во Алабама, полицијата ја поврза со кражби на дури девет различни свадби, а нејзините први кражби биле снимени во 2017 година.
Во 2021 година, Хенсон беше фатена како краде кредитни картички, пари и подароци на свадба во округот Маршал, Мисисипи, а условната казна ѝ беше укината.
Таа била осудена на пет години затвор, па во овој момент не е јасно како била ослободена, пишуваат американските медиуми.