За време на протоколарните активности на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, бразилската телевизиска водителка Ана Марија Брага направи лапсус, нарекувајќи го американскиот претседател Џо Бајден – „Бин Ладен“.
– Серија официјални фотографии, со францускиот претседател Емануел Макрон и нежно ракување со Бин Ладен од САД – рече Брага за време на телевизиската емисија.
Водителката брзо беше коригирана од нејзиниот колега во студио, по што и двајцата се насмеале коментирајќи ги тешкотиите на раните утрински емисии.