More

    Ники Хејли не се откажува од претседателската трка кај републиканците

    spot_img

    Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија Ники Хејли денеска изјави дека нема да се откаже од трката за номинација, додавајќи дека не е загрижена за нејзината политичка судбина.

    – Не одам никаде. Не се плашам гласно да зборувам тешки вистини. Не чувствувам потреба да бакнувам нечија рака. Не се плашам од одмаздата на Трамп. Не барам ништо од него. Не сум загрижена за сопствената политичка иднина – рече Хејли на митинг во Гринвил, Јужна Каролина, пренесува порталот Хил.
    Таа ја отфрли идејата да се кандидира за потпретседател или да се кандидира во следниот изборен циклус. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп има поддршка од 77,7 отсто од републиканците, додека Хејли ја поддржуваат 16,6 отсто од гласачите на Републиканската партија.

    Трамп досега има убедливи победи на внатрепартиските избори во Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Девствените Острови, а во моментов има освоено 63 делегати, додека Хејли само 17 делегати.

    Следните избори ќе се одржат на 24 февруари во Јужна Каролина, родната држава на Ники Хејли каде таа беше гувернер од 2011 до 2017 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img