More

    Никаде во светот од шеф на држава не се бара да го даде телефонот за скенирање

    spot_img

    Претседателството на Косово ги отфрли наводите на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на Македонија, во врска со инцидентот од 1 август со претседателката Вјоса Османи со обезбедувањето на скопскиот аеродром, оценувајќи дека „РСМ ги прекрши меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот со барањето да го скенира телефонот на претседател на друга држава“, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Во реакцијата на кабинетот на Османи, по соопштението на АЦВ, во кое се вели дека аеродромските служби одговорни за безбедносните проверки постапиле според меѓународните прописи, се наведува дека „во ниту една земја во светот од шефот на државата не се бара да го предаде телефонот за скенирање“.

    „Во други земји не се проверува ниту личниот багаж ниту личната чанта на шефот на државата, а камоли личниот телефон. Како Претседателство имаме доволно искуство од други патувања, нема потреба тоа да го докажуваме, бидејќи никаде, никогаш, ниту личната чанта, ниту куферот (личниот багаж) ниту телефонот на шефот на државата не биле подложни на контрола“, соопшти кабинетот на Османи.

    Кабинетот на Османи нагласува дека, спротивно од наводите на македонската АЦВ, „нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето“ на скопскиот аеродром. Косовското Претседателство исто така информира дека Османи по инцидентот не се вратила од патувањето преку скопскиот аеродром, бидејќи е оценето дека „по невидената пропаганда (во македонската јавност) нема основни безбедносни услови за такво нешто“.

    „Како што неколкупати изјавивме, претседателката ја предаде на проверка чантата и таа го помина скенерот. Секоја друга изјава е пропаганда за политички цели. Нема ништо професионално во однесувањето на обезбедувањето кое му застанува на патот на шеф на држава и му го блокира движењето откако ќе ја стави чантата во скенерот. РСМ ги прекрши меѓународните правила кои важат насекаде во светот со барањето да се скенира телефонот на претседател на друга земја, што би претставувало потенцијално нарушување на националната безбедност. Претседателката не се врати во Косово преку скопскиот аеродром, туку ја смени маршрутата на патувањето, бидејќи нејзиниот тим за обезбедување оцени дека по невидената пропаганда ги нема ниту основните безбедносни услови за такво нешто“, се вели во реакцијата.

    Од АЦВ претходно преку соопштение информираа дека, тим од инспектори од Агенцијата, предводен лично од директорот Драги Стојаноски, извршил повторен увид во доказите и спроведе вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Косово, Вјоса Османи и дека „аеродромските безбедносни служби постапиле професионално и во согласност со меѓународните правила и практики во случајот“.

     

    -При првичниот увид констатирано е дека, аеродромските служби надлежни за безбедносни проверки, во склоп на своите работни обврски постапувале професионално и придржувајќи се до правилата кои се наметнати согласно имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот, се вели во реакцијата од АЦВ.

    Одбивање на спроведување на стандардните безбедносни проверки со истите патници, од АЦВ посочуваат дека, согласно евиденцијата се случиле и во 2022г. и 2023г. кога безбедносни проверки се прифатени дури откако водачот на воздухопловот одбил да ги прими патниците во воздухопловот без спроведена безбедносна проверка.

    „Доколку службениците во ТАВ Македонија постапиле различно од пропишаните правила и дозволиле пропусти и заобиколување на пропишаните процедури истите ќе се соочеле со сериозни санкции од Агенцијата за цивилно воздухопловство како тело надлежно за нивна регулација. Со оглед на тоа што се работи за општо прифатени меѓународни стандарди, доколку било кој се сомнева во нивната веродостојност, препорачуваме истата пракса да ја примени на некој од европските меѓународни аеродроми како би можеле да се уверат во нивната примена, се вели во реакцијата од АЦВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img