Ни основните ни средните училишта немаат книги за сите ученици

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Недостасуваат повеќе од 25.000 учебници за учениците од Гостивар, реагира денеска Општина Гостивар.

„Неразумно е учениците да се соочуваат со недостиг од книги. Бараме Министерството што поскоро да преземе конкретни мерки. Општина Гостивар и официјално ќе го извести Министерството за образование и наука за состојбата околу недостигот на книги како надлежна институција за предметната работа“, соопшти Општината.

Во 10 основни и во четири средни училишта недостигаат 25.156 книги по сите предмети, во сите етнички паралелки.

Најмногу учебници фалат во ОУ „Исмаил ЌемалиВо средното општинско техничко училиште фалат 5.825 книги од прва до четврта година. Во средното општинско медицинско училиште недостигаат 8.985 книги, а во средното општинско економско училиште недостигаат 943 книги.

Општината веќе трета година реагира до Министерството за образование и наука за недостиг на учебници и не се преземени конкретни мерки. Се надеваме дека Министерството ќе реагира поради оваа негрижа бидејќи најмногу губат учениците“, се наведува во реакцијата од Општина Гостивар.

Share This Article