Ни една гранка не пресекла, а добила втор тендер, обвини Николоски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ќе направиме сѐ со Јавното претпријатие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и одржувањето да го прави Јавното претпријатие во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.

Тој изрази сомнеж во работењето на второстепената комисија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за одржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма – „Мирсад комерц“.

– Пред две години излегов на прес-конференција и кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат да ги чисти автопатиштата и да ја коси тревата по автопатиштата што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма „Мирсад комерц“. Случајно таа е од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ, и тоа за фантастични 2 милиони евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма „Мирсад комерц“ којашто волшебно го добила. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е независно тело, како е возможно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и „Мирсад комерц“ која гранка не пресече, треба да продолжи да работи? Како е возможно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи. Еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија „Марковски компани“ ги доби тендерите во изминативе 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална – рече Николоски.

Министерот Николоски повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на второстепената комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.

Share This Article