Незири: Како ДУИ купила зграда на три ката со површина од 1400 метри квадратни за кој зела кредит од 900.000 евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како ДУИ купила зграда на три ката со површина од 1400 метри квадратни за кој зела кредит од 900.000 евра, праша денеска Аднан Незири од Алијанса за Албанците.

– Се наоѓаме пред зградата која неодамна ја купи Демократската унија за интеграција, со што стана една од најпрофитабилните партии или единствена во време кога граѓаните и многу компании се соочуваат со тешка економска криза. Набавката на зградата на три спрата со површина од 1400 метри квадратни отвора многу сериозни сомнежи, кои претставуваат предмет за работа на истрагата и обвинителството – рече Незири.

Тој објасни дека овој објект бил во сопственост на приватна фирма, која потоа го продала на друга фирма, за на крајот да го купи ДУИ.

– Од компанијата велат дека зградата не била изнајмена, а сите тетовци се сведоци дека со години овде останува натписот на Унијата на млади на ДУИ. Прашуваме врз која основа ДУИ го користела овој објект во изминатиот период. Фирмата која првично беше сопственик на овој објект е позната како една од најпрофитабилните компании која добила многу тендери од институции раководени од функционери на ДУИ. Од оваа партија рекоа дека за купување на објектот добиле кредит од 900.000 евра кој ќе го вратат за 7 години. Тоа значи дека ДУИ ќе треба да враќа 128.000 евра годишно, не сметајќи ја тука каматата. Од каде ќе ги добие ДУИ овие пари, од каде се сигурни дека ќе ги обезбеди? – праша Незири.

Тој соопшти дека случајно или не, остатокот или поголемиот дел од овој гигантски објект е во сопственост на Македонска пошта и на компанијата Телеком, која во Македонија влезе како инвестиција на компанијата Маџар Телеком.

TAGGED:
Share This Article