Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостигот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостигот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.

– Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги – велат од Синдикатот.

Хроничниот недостиг на вработени, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостигот на персонал.

– Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна – се наведува во соопштението од Синдикатот.

Share This Article