Незадоволството и бесот во Русија поради долгата војна во Украина растат, а ќе бидат сѐ погласни во очи 1 септември и новата школска година,

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Незадоволството и бесот во Русија поради долгата војна во Украина растат, а ќе бидат сѐ погласни во очи 1 септември и новата школска година, велат анонимни извори за порталот Медуза, руски медиум кој работи од странство, пренесува Нова. Според изворите, Кремљ го следи и го очекува ова незадоволство, но има план како да го сузбие. Единствниот начин тоа да се направи е да се купи мирот на граѓаните со нови мерки и парична помош.

– Наесен ќе се обидат да ги опсипат незадоволните (граѓани) со пари. Можеби станува збор за релативно мали суми, но луѓето со задоволство ќе ги добијат – вели еден извор.

Изворите на Медуза потсетуваат дека руската влада се соочила со економски последици за време на пандемијата на коронавирус нудејќи постојано финансиска помош за населението. По правило, овие плаќања беа достапни за семејствата со деца и беа дистрибуирани пред изборите.

– Целата социологија сега е фокусирана на изборите, а калкулациите за тоа се доста ограничени – вели еден извор, алудирајќи на регионалните и гувернерските избори закажани за 11 септември, пренесува Јутарњи лист.

Но, зошто стануваат бесни луѓето? Дали е тоа војната во која гинат нивните синови, а на која не ѝ се гледа крајот, за лошите успеси на армијата, економијата, за апсењата? Или пак новиот мистериозен атенат врз ќерката на професорот Александар Дугин кој внесе страв и сомнежи?

– Летото е всушност време за еден вид пауза – топло е, ведро е, работните денови течат во позадина. Есента на сите им е јасно дека доаѓа зима, не очекувајте ништо добро – изјавил изворот на шега.

– Наесен, луѓето ќе се вратат дома од одмори и виртуелно учество во „специјална (воена) операција“. Нема да им се допаѓа тоа што се случува дома – вели другиот извор.

Тврдењата дека некои Руси кои го поддржуваат Кремљ губат интерес за војната против Украина се потврдени со резултатите од неодамнешното истражување спроведено од приватната истражувачка фирма „Ромир“. Истражувањето покажа дека од февруари навака, просечната дневна гледаност на руските телевизиски канали, „Први канал“ и „Русија 1“ под контрола на државата е намалена за осум отсто.

Поголемиот дел од времето на руската телевизија го опфаќаат политичките „шоу програми“, во кои водители и гости разговараат за Украина и за „непријателските западни земји“.

- Advertisement -
Ad image

Масовното иселување на западните фирми од Русија како одговор на февруарската инвазија доведе до друг проблем што ги загрижува претставниците на Кремљ. Тоа е дека производителите во тие региони ги затвораат погоните.

Како резултат на тоа, се очекуваат проблеми со невработеноста во регионот Калуга, каде што големите странски производители на автомобили имаат свои фабрики, Ленинградската област, каде што има многу големи претпријатија кои имаат сопственици од Запад или зависат од залихите од Запад, како и други индустриски области.

Share This Article