Невремето во САД се претвора во хорор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невремето кое ја пустоши Калифорнија досега однесе 17 животи, според официјалните информации. Обилните врнежи предизвикаа поплави, затворени се клучни автопати, се урнаа многу дрвја, а водата носеше автобуси и автомобили. На автопат во Лос Анџелес, пак, се отвори огромна дупка, која за малку ќе однесеше човечки животи.

Имено, дупката која се отвори во текот на претходните денови „проголта“ два автомобили, во кои имало две лица, една девојка и една постара жена.

 

Противпожарните и спасувачките служби добиле повик во понеделникот вечерта, околу 21 часот и 30 минути, по што веднаш излегле на терен. Пожарникарите пронашле две возила едно врз друго на околу пет метри под патот.

Двете жени беа спасени и хоспитализирани со полесни повреди откако пожарникарите се спуштија надолу во дупката, користејќи скали и јажиња по стрмниот наклон.

Налетот на екстремните зимски временски услови предизвика огромни поплави во Калифорнија од почетокот на минатата недела, а во следните неколку дена се очекуваат уште најмалку две бури. Областа на заливот Сан Франциско, главниот град на државата Сакраменто, и околината сè уште се опоравуваа од големите штети од поплавите, кога повторно ги погоди силен дожд.

Националната метеоролошка служба (NWS) предвиде обилни снежни врнежи во планините Сиера Невада и крајбрежјето на Јужна Калифорнија, предупредувајќи за поројни поплави и лизгање на кал, како и силни ветрови кои корнат дрвја и блокираат патишта.

- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 120.000 луѓе сè уште се без струја, а гувернерот предупреди дека претстои најтешко невреме во наредните денови. Исто така, допрва доаѓа масовна евакуација.

Share This Article