More

    Невремето Киаран, кое денеска ја погоди Западна Европа, однесе најмалку шест животи, меѓу кои и петгодишно дете во Белгија

    spot_img

    Невремето Киаран, кое денеска ја погоди Западна Европа, однесе најмалку шест животи, меѓу кои и петгодишно дете во Белгија, и предизвика сообраќаен хаос – затворање на пристаништата и одложување на бројни летови.

    Паѓањето на дрвја предизвикано од силните налети на ветерот уби шест лица: две во Белгија и по едно во Шпанија, Франција, Германија и Холандија.

    Поради невремето, железничкиот сообраќај во Фландрија беше делумно во прекин, а возовите кои сообраќаат во Белгија сообраќаа со намалена брзина. Во Антверпен е во прекин поморскиот сообраќај, а на аеродромот во Брисел владее сообраќаен хаос, со одложени летови и долги доцнења.
    Во невремето на северот на Франција, покрај еден загинат, 16 лица, меѓу кои седум пожарникари, се повредени. Во Франција околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, најмногу во Бретања, од нив 780.000.

     

    Во западна Франција, железничкиот сообраќај е затворен до петок, а брзите возови (TGV) меѓу Париз и Ле Ман и Париз и Нант исто така не сообраќаат.
    Ноќта од среда кон четврток во Бретања се забележани ветрови со брзина од 200 километри на час.

    Црвено предупредување е издадено на островот Џерси поради ветровите кои дуваат со брзина од 160 км/ч. Сите летови од аеродромите Џерси, Гернзи и Орињи се откажани.

     

    Портокалово предупредување е на сила во Холандија, со ветрови кои достигнуваат брзина од 110 километри на час. Околу 200 летови беа одложени на аеродромот Шипхол во Амстердам.

    Во Шпанија,  најпогодена од невремето беше областа Галиција во северозападниот дел на земјата, а на сила е црвено предупредување. Невремето ја погоди и Баскија каде беа измерени бранови од осум до девет метри.

     

    Иако Португалија не беше директно погодена, властите објавија црвен аларм во крајбрежните области на северот на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img