Силната бура што ја погоди источна Либија можеби однесе илјадници животи, изјави во понеделникот висок либиски функционер.
Мандатарот и министер за финансии на една од ривалските либиски влади, Осама Хамад, изјави дека можеби загинале повеќе од 2.000 луѓе, во изјава за телевизиската станица Ал-Масар.
Тој додаде дека некои градови се целосно уништени.
Но, воен претставник во најтешко погодениот регион рече дека бројот на загинати е многу поголем и предупреди дека неколку илјади луѓе се уште се водат за исчезнати.
Портпаролот на Либиската национална армија (ЛНА), генерал-мајор Ахмед ал-Мисмари, изјави дека само во источниот град Дерна загинале околу 2.000 луѓе. Меѓу 5.000 и 6.000 лица се сметаат за исчезнати, рече тој на прес-конференцијата.
Бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем, велат медицински извори во Дерна.
Две брани во градот се урнати, објави градскиот совет на Фејсбук.
Бурата Даниел ја погоди Либија во неделата, најмногу на истокот на земјата. Засега нема официјални податоци за жртвите.
Во Либија две влади се борат за власт. Едниот во Триполи, на запад, предводен од Абдул-Хамид Дбеибех, а другиот на исток, поддржан од Калифа Хафтар.