Откорнати дрвја од краткото невреме со дожд и ветер што попладнево го зафати Охрид го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања.
Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот.
„Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на болницата“, соопшти претпријатието.