Невреме со пороен дожд и силен ветер попладнево го зафати Куманово и Кумановско. Улиците во централното подрајче беа поплавени, бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја.
– Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците – информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Центарот за управување со кризи информира дека од Управата за хидрометеоролошки работи е забележан зголемен водостој на реката Пчиња во село Пелинце.