Невреме проследено со силен ветар и големи бранови го погоди синоќа грчкиот полуостров Халкидики

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невреме проследено со силен ветар и големи бранови го погоди синоќа грчкиот полуостров Халкидики. Најголеми материјални штети од невремето има на првиот крак Касандра и во популарните летувалишта Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно – јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалничката на општина Касандра, Анастасија Халкиас, побара да се прогласи вонредна состојба поради невремето кое предизвика сериозни штети во крајбрежните места.

– Најголем дел од штетите се направени во Сивири, Полихроно, Пефкохори и во Палиури, каде се урнал коловоз, додека во Ханиоти брановите ја покриле дури и пешачката улица. Брановите беа толку огромни што постарите жители ми рекоа дека никогаш порано не виделе такво нешто – изјави Халкиас.

Ветерот достигнал јачина од 10 Бофори (над 55 километри на час) и предизвикал бранови во висина од 12 метри, кои стигнале до улиците и тротоарите.

– Веќе побаравме од државата да не поддржи со прогласување вонредна состојба во општината за да постојат потребните средства што ќе ни помогнат да ги санираме штетите. Се надеваме дека нашето барање веднаш ќе добие одговор од надлежните министерства, рече градоначалничката на Касандра.

фото: МИА

Share This Article