More

    Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион

    spot_img

    Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села.

    – Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е забележливо издупчување кај компирот и гравот. Врнежите потоа беа мешани во комбинација на град и обилен дожд – вели Драго Ристовски, жител на селото Очипала.

    Врнежи од град со големина на орев се регистрирани и на планината Голак, каде освен издупчување на градежни материјали и возила, поголеми штети не се забележани.

    – Големи штети овде нема бидејки сме во планина, освен штетите на возилата и дел од лимаријата – додава Стево Богдановски кој крупните зрна град ги регистрирал кај својата викендичка на Голак.

    Поради обилните врнежи попладнето во Пијанец се вози по влажни коловози, а како што јавуваат возачи, регистрирани се и поситни одрони долж патниот правец Делчево – М.Каменица, кој е дел од магистралата А3.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img