Шизофренијата се смета за сериозно психијатриско нарушување кое се влошува со текот на времето.
Пациентите најчесто доживуваат тешки функционални оштетувања – губење на работната способност, неможност за самостојно живеење, нарушено социјално функционирање и изолација од општеството. Но, ако шизофренијата се препознае навреме, може значително да го олесни секојдневното функционирање на засегнатото лице.
Според клиниката Мејо, постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на тоа дека личноста боледува од шизофренија, но еден се смета за прв предупредувачки знак бидејќи најчесто се јавува и до неколку години пред конечната дијагноза, пренесува Index.hr.
Се работи за несоница. Лекарите објаснуваат дека проблемите со спиењето, како што се несоницата или постојаното будење во текот на ноќта, претходат на сите други знаци на шизофренија, иако многу луѓе ги игнорираат со години.
Други симптоми вклучуваат ненадејни и необјаснети промени во расположението, необични халуцинации, преокупација со луди идеи, нејасен говор, неорганизирано однесување и губење на мотивацијата за хоби кои некогаш ја интересирале личноста.
Симптомите може да варираат по вид и сериозност со текот на времето, со периоди на егзацербација и ремисија.
Исто така, некои симптоми може секогаш да бидат присутни, додека други можеби никогаш да не се појават, додаваат лекарите. Кај мажите, симптомите на шизофренија обично започнуваат во раните до средината на 20-тите години, додека кај женската популација, првите симптоми обично се појавуваат во доцните 20-ти.