Љубовта на мајките кон децата нема граници, секогаш се тука да се грижат за нив, но и да ги поддржуваат и охрабруваат во животот. Но, некогаш мајките знаат да бидат тешки, сомничави, скептични.. Не се рекло попусто: „Да не ти даде Господ што ти мисли мајка“.
Една мајка од Белград, која сфатила дека неоправдано била уверена дека нејзиниот син никогаш нема да го заврши факутетот, нашла оригинален начин за да му се извини. На булеварот Кнез Александар Караѓорѓевиќ на Дедиње закупила голем билборд со текст: „Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе го заврши факултетот! Честитам сине, небото е граница! Од мама Дијана” – објавуваат српски медиуми. Тие додаваат дека гестот на мајката многу им се допаднал на белграѓани.