Невладината СОС Медитеран спаси 129 мигранти во Медитеранот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Океан Викинг, изнајмен од невладината организација СОС Медитеран, вчера заедно со припадниците на италијанската крајбрежна стража спаси 129 мигранти, меѓу кои 43 деца, во Јонското Море, меѓу јужна Италија и Грција, соопшти организацијата.

„Спасените лица им кажаа на нашите екипи дека ја напуштиле Турција шест дена порано. Најмладиот преживеан е едномесечно бебе кое патува со својата мајка“, соопшти организацијата СОС Медитеран, чие седиште е во Марсеј, на југоистокот на Франција.

Меѓу спасените има 43 жени.

Океан Викинг сега плови со 163 спасени луѓе кон пристаништето Равена, на североистокот на Италија, кое италијанските власти го одредиле како пристаниште за спуштање. Веќе во четвртокот бродот спаси 34 мигранти од Гамбија и Сирија.

Според последните податоци на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на оваа година 2.140 лица кои се обиделе да стигнат до Европа исчезнале или починале во Медитеранот.

Share This Article