Невидено невреме на ова подрачје на Балканот, по Хрватска и Србија, го зафати и подрачјето на Црна Гора

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невидено невреме на ова подрачје на Балканот, по Хрватска и Србија, го зафати и подрачјето на Црна Гора. Урнати плажи, потонати автомобили, силен невреме кој корне дрвја се глетките што утринава можеа да се видат ширум Црна Гора.

Како што може да се види на видеата објавени на страницата на Инстаграм „podgoricki_vremeplov“, чадори, лежалки и маси се однесени од силниот бурен ветер на плажите, а сообраќајот е едвај прооден низ државата.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, центарот на Будва е под вода поради обилните врнежи, потоците течат низ недовршената улица 22 ноември. Водата го поплави целото шеталиште. Во Никшиќ невремето оштети покриви на куќи и откорна дрвја.

Невремето не ја поштеди ниту Подгорица, каде паднатите гранки од дрвја го отежнуваат сообраќајот речиси по целиот булевар Свети Петар Цетињски. Три кранови се уништени во пристаништето Бар поради силно невреме. Во текот на вечерните и ноќните часови се очекува слабеење на врнежите во Црна Гора.

 

 

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article