Она што се зборуваше претходните денови дефинитивно ќе се оствари – Нејмар ќе го замени Пари Сен Жермен со Саудиска Арабија и ќе премине во Ал Хилал.
Како што објави Фабрицио Романо, познат италијански новинар, Пари Сен Жермен треба да добие најмалку 90 милиони евра, додека Нејмар очекува двегодишен договор вреден 160 милиони евра.
Сепак, деталите од неговиот договор се навистина неверојатни, бидејќи тој ќе добие бонус од 80.000 евра за секоја победа на Ал Хилал.
Сега доаѓа најдобриот дел, Нејмар ќе добива по 500.000 евра за секоја објава и „приказна“ на социјалните мрежи во кои ја промовира Саудиска Арабија.
Ал Хилал значително го засили составот во актуелниот преоден рок, па сега во тимот предводен од Хорхе Жесус се: Калиду Кулибали, Рубен Невес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Малком…