Американскиот претседател Џо Бајден одржа прес-конференција за медиумите откако ги доби првите фотографии од телескопот Џејмс Веб од претставници на НАСА.
Претседателот Џо Бајден објави една од првите слики на Веб, најдлабокиот поглед на вселената некогаш направен.
Сликата го прикажува SMACS 0723, каде што огромна група галаксии на јатото делува како лупа за објектите зад нив.
Фотографијата направена од овој телескоп го нуди првиот поглед на длабокото поле на неверојатно стари и далечни, слаби галаксии.
„Тоа е најдлабоката слика од нашиот универзум некогаш направена“, рече Бил Нелсон, администратор на НАСА.
Некои од овие далечни галаксии и ѕвездени јата никогаш досега не биле видени. За снимање на најдлабоките полиња, на телескопот му биле потребни недели, а останатите фотографии ќе бидат претставени во вторник на 12 јули, пишува CNN.
Првите фотографии од телескопот Џејмс Веб ќе ги анализираме во петок на 15 јули во шоуто Тајните на вселената.