Европската ракета-носач Вега-Ц, која носеше два сателити на својот прв комерцијален лет, беше изгубена набргу по полетувањето од Куру.
„Мисијата е изгубена“, изјави претседателот на Arianespace Стефан Израел од вселенскиот центар во Француска Гвајана.
Десет минути по полетувањето, во вторник во 22:47 часот по локално време, траекторијата на фрлачот отстапи од програмираната.
Во тек се анализи на податоците за да се утврдат причините за неуспехот на мисијата, соопшти Arianespace.
Делови од ракетата не беа пронајдени по полетувањето.
Вега-Ц требаше да пушти во орбитата два сателити за набљудување на Земјата изградени од Ербас.
Сателитите се дизајнирани да снимаат која било точка на Земјата неколку пати на ден со висока резолуција.