Нето вредноста на имотот на американскиот богаташ Илон Маск достигна рекордни 348 милијарди долари, со што, тој си го надмина сопствениот рекорд, но и стана најбогатиот човек во историјата.
Неговото богатство порасна до тој степен поради континуираниот раст на акциите на неговата компанија „Тесла“ и поради новата рунда на финансирање oткако вредноста на неговата стартап компанија за вештачка интелигенција „xAI“ беше проценета на 50 милијарди долари, објави Тајмс оф Индија.
Бројните компании на Маск забележаа зголемување на сопствената вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го издигна во центарот на политичкото внимание.
Акциите на „Тесла“ пораснале за 3,8% во петокот, нешто што продолжува да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и за субвенции за електрични возила ќе ѝ дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари, поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на Блумберг.