More

    Нетфликс соработува со Мајкрософт

    spot_img

    Платформата Нетфликс се здружи со Мајкрософт за да им понуди поевтин план за претплата на корисниците што ќе прикажуваат реклами, јавува денеска Би-би-си.

    Нетфликс вели дека услугата ќе биде „дополнителна“ на нејзините постоечки планови, кои не вклучуваат реклами.

    Компанијата сè уште не откри колку планира да им наплати на претплатниците за новата услуга.

    Нетфликс го објави овој потег откако ја пријави својата прва загуба на претплатници и отпушти стотици работници претходно оваа година.

    Платформата за стриминг изгуби 200.000 претплатници помеѓу јануари и март, во споредба со 2,5 милиони што аналитичарите очекуваа компанијата да ги додаде во периодот.

    Компанијата соопшти дека го избрала Мајкрософт како свој партнер за глобална рекламна технологија и продажба за да воведе „план за претплата со реклами со пониски цени“, според Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img