„Нетфликс“ можеби ќе ја изгуби една од своите најгледани и најпопуларни серии, „Wendesday“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Нетфликс“ можеби ќе ја изгуби една од своите најгледани и најпопуларни серии, „Wendesday“.

Овој спин-оф на легендарниот филм „Семејството Адамс“ наиде на многу позитивни критики, а дополнително воодушеви и актерката Џена Ортега која го толкува ликот на Венсдеј Адамс.

Но, фановите можеби нема да ја дочекаат новата сезона на „Нетфликс“.

Причината за тоа е што „Амазон“ и „МГМ“ се споија, а бидејќи „МГМ“ работи на продукцијата на „Wednesday“, новата сезона би можела да заврши на стриминг сервисот „Амазон прајм“. Одлуката сè уште не е донесена и нема никакви официјални најави, но постои шанса втората сезона да заврши на „Амазон прајм“.

За потсетување, „Wednesday“ ја следи приказната на Венсдеј Адамс како студентка на академијата „Неврмор“, каде се обидува да ја совлада својата психичка способност во зародиш, да спречи монструозен убиствен поход кој го тероризира локалниот град и да ја реши мистеријата поврзана со убиство од пред 25 години.

Серијата дури две недели беше на врвот на гледаноста на глобално ниво, а Џена Ортега заработи номинација за Златен глобус за својата улога.

Share This Article